Заврши деветтото издание на меѓународниот детски фудбалски турнир
„COOL CUP 2026“, кој во организација на Фудбалски клуб
„COOL“ се
одржа од 5 до 7 септември во Кисела Вода, Скопје
Оваа традиционална спортска манифестација, која се наоѓа во официјалниот календар на
AFT CHALLENGER TOUR-от, ги собра младите фудбалски таленти во четири возрасни категории –
генерации 2015, 2016, 2017 и 2018 година.
Со учество на вкупно
64 екипи, турнирот уште еднаш го потврди статусот на еден од најмасовните детски фудбалски настани во регионот, каде остварените резултати им донесоа на најдобрите тимови
значајни бодови за AFT ранг-листата во новата сезона.