Latest News

МОБЕЛИКС КУП ГИ СОБИРА НАЈДОБРИТЕ: Десет македонски екипи во битка за трофејот

Naslovna slika Challenger tour AFT Severna Makedonija
Викендов започнува второто издание на „Мобеликс Куп“, турнир кој и оваа година носи силна конкуренција, квалитетен фудбал и директна битка за АФТ бодови.

Од 28 до 30 август, на терените на Локомотива, десет екипи од генерацијата 2013 ќе се борат за трофејот.

Организаторите најавуваат турнир на највисоко ниво, со идеја најквалитетните екипи од претходната сезона да се сретнат во натпревари кои ќе донесат неизвесност и силна конкуренција од самиот старт.

Турнирот се игра во формат 11 на 11, а генерацијата 2013 е поделена во две групи:
Во групата А се ФК Водно, ФК Шкупи, ФК Работнички, ФК Вондер Кидс и ФК Арсими, додека групата Б ја сочинуваат ФК Брера Струмица, ФК Тиквеш, ФК Македонија ЃП, ФК Пелистер и ФК Њу Старс.

Групната фаза започнува во петок, 28 август, а натпреварите продолжуваат во сабота. Во недела следува завршницата и борбата за конечниот пласман на второто издание на „Мобеликс Куп“.

Посебна тежина на „Мобеликс Куп“ му дава и неговото место во АФТ календарот. Додека генерацијата 2013 оваа година не влегува во АФТ бодовање, генерацијата 2014 која на програмата е следниот викенд, од 4 до 6 септември, ќе се бори за вредни АФТ бодови и што подобра позиција на АФТ листата.

По генерацијата 2013, „Мобеликс Куп“ продолжува и следниот викенд, од 4 до 6 септември, кога на програмата е турнирот за генерацијата 2014. Така, во два последователни викенди, „Мобеликс Куп“ ќе понуди натпревари со дел од најдобрите млади екипи во Македонија и нови можности за освојување АФТ бодови.

Вториот „Мобеликс Куп“ воедно претставува одлична увертира за новата сезона – со силни екипи, натпревари 11 на 11 и борба не само за трофејот, туку и за место повисоко на АФТ листата.
Share

RANKING