Latest News

ЗАВРШИ СЕДМИОТ „ТРОФЕЈ ТРАЈАН КУЉА – ЦРНОБУКИ“: Три дена фудбал, борба за трофеи и АФТ бодови

Naslovna slika Challenger tour AFT Severna Makedonija
Во битолското село Црнобуки викендов заврши седмиот Меморијален турнир „Трофеј Трајан Куља – Црнобуки 2026“, кој и годинава собра голем број младински екипи од Македонија и регионот.

Турнирот е дел од официјалниот АФТ календар на турнири и се наоѓа во рамките на Challenger Tour-a, па екипите во Црнобуки, покрај борбата за трофеите, се натпреваруваа и за освојување АФТ бодови и подобра позиција на АФТ листите.

По тридневните натпреварувања, познати се и победниците во трите возрасни категории.

Во генерацијата У9, првото место го освои Партизан Fudbal Kids, додека во У10 најдобар беше Ултрас Кидс. Во најстарата категорија, У11, шампион стана Јанг Тим.

Комплетните резултати по генерации, како и освоените АФТ бодови, погледнете ги ОВДЕ

Покрај екипните трофеи, беа доделени и индивидуални признанија.

Во У9, за најдобар играч беше прогласен Огнен Билиќ од Партизан.
Најдобар стрелец беше Кенан Ахмети од Јанг Тим
Признанието за најдобар голман му припадна на Владан Стојковиќ од Партизан.
За фер-плеј екипа беше избран Јанг Тим.

Во У10, признанието за најдобар играч го освои Павел Трајковски од Вардар
Најдобар стрелец беше Хасан Усинов од Брера
Најдобар голман Дамјан Матлиески од Ултрас Кидс.
Фер-плеј признанието го доби Стакорина од Република Српска.

Во У11, за најдобар играч беше избран Јаков Христов од Пелистер
Најдобар стрелец беше Марко Ташков од Марадона
Најдобар голман Енсар Даути од Јанг Тим.
Фер-плеј екипа беше Атлетико Битола.

„Трофеј Трајан Куља – Црнобуки“ и оваа година потврди дека е турнир со посебна атмосфера и голем интерес, а тридневните натпревари беа исклучително добро посетени. Според организаторите, турнирот е единствен од овој тип каде учесниците не плаќаат партиципација.
Share

RANKING